Викторија Бекам е една од добитничките на наградите „Жена на годината“ на списанието Glamour.
На свеченото доделување кое се одржа во Њујорк, 41-годишната дизајнерка ја прими статуетката од својот син Бруклин.





„Поминувам многу време во Африка, работејќи одблиску со ОН, зборувајќи во име на неверојатните жени со кои соработувам. Ми требаа 40 години за да сфатам дека имам моќен глас“ – рекла Бекам во својот говор.


Викторија се појави на манифестацијата во креација од своето ателје.






