Синоќа во Лондон се одржа доделувањето на наградите „Жена на годината“, организирано од списанието „Harper’s Bazaar“.
На Викторија Бекам ѝ беше врачена наградата за „Специјален придонес за британската мода“. Познатата дизајнерка беше придружувана од својот најголем син Бруклин, кој гордо позираше покрај неа.
За свечениот настан, 39-годишната Бекам носеше долг црн фустан, кој се разбира е нејзина креација.
Меѓу останатите наградени беа и Рита Ора, која ја доби наградата „Музичар на годината“, Наталија Водјанова, која ја прими наградата „Филантроп на годината“ и Џордан Дан, која се закити со награда „Модел на годината“.