Викторија Бекам ретко ги заменува стајлинзите составени од неутрални бои со комбинации кои вклучуваат силни бои. Но, кога ќе го направи тоа, таа секогаш привлекува внимание.
Вчера, 42-годишната дизајнерка беше фотографирана додека излегуваше од својот хотел во Големото јаболко, каде ги прави последните подготовки за својата ревија во рамките на Њујоршката недела на модата. Викторија носеше контрастна сино-портокалова комбинација и очила од сопствената колекција.







Претходно, славната мајка на 4 деца беше фотографирана и во црно-бел стајлинг.


На 11 септември, Викторија ќе ја презентира својата нова колекција за сезоната пролет/лето 2017 година.