Никол Кидман е речиси непрепознатлива на промотивната фотографија за новата кампања на Џими Чу.
46-годишната филмска ѕвезда на фотографијата ги покажува своите долги нозе, носејќи само бело сако. Најголем дел од фановите на модниот бренд и популарната актерка воопшто не се задоволни од крајниот резултат, бидејќи дигиталната обработка речиси ги „избриша“ препознатливите црти на лицето на славната Оскаровка.
Во видеото од кампањата за колекцијата pre-fall 2014, Кидман се појавува заедно со Шон О’Прај.
Кампањата се стреми кон бунтовнички гламур.