Бритни Спирс е лицето на насловната страна на октомвриското издание на списанието „Glamour UK“. 29-годишната пејачка со нова фотосесија ја одбележа 10-годишнината од своето прво појавување во ова познато списание.
Преку неколку провокативни фотографии Бритни го покажа своето тело, кое призна дека го одржува најмногу со танцување, а помалку со трчање, со вежбање со тегови и кардио.
„Вежбам секој втор ден, а понекогаш секој ден. Трчам многу на патеки во хотелите кога сум на турнеја, кревам малку тегови и правам малку кардио вежби“ – изјавила таа во интервјуто.
Во деновите кога се чувствува несигурна, Бритни признала дека користи мали трикови за да направи да се чувствува прекрасно. Во тие трикови спаѓаат чоколадото, шминката и шопингот.
Наскоро Бритни ќе наполни 30 години. Кога била запрашана дали се плаши од стареењето, Бритни одговорила: „Тоа е дел од животот. Тоа е убав дел од животот и јас така го прифаќам... Мислам дека колку повеќе старееш, толку помудар стануваш“.