Роузи Хантингтон-Вајтли во кругот на најблиските пријателки прослави за претстојното раѓање на своето прво дете.
30-годишниот ангел на Victoria’s Secret изгледаше нежно и женствено во свилен долг фустан на забавата организирана за нејзиното неродено бебе. Шармантната Англичанка со насмевка позираше со своите пријатели и покрај долгата маса украсена со цветни декорации.












Еден ден по забавата, таа беше фотографирана во Беверли Хилс, Калифорнија.




Роузи објави дека е бремена со првото дете со Џејсон Стејтам во февруари оваа година, кога сподели фотографија од трудничкото стомаче.
