Миранда Кер направи фотосесија за списанието W. Таа не е за прв пат пред објективите на фотографите, но за прв пат позираше апсолутно без облека покажувајќи го своето пораснато стомаче.
Ангелот на Vistoria’s Secret самоуверено позираше за познатиот фотограф Патрик Демарчелиер за семејното издание на списанието W.
„За мене, семејството е животот. Одлуката да создадам семејство не беше воопшто сложена“ – изјави Миранда, која му стана сопруга на Орландо Блум во јули оваа година.
27-годишната убавица е во седмиот месец од бременоста, но не го откри полот на бебето затоа што со Орландо се договориле да остане тајна.