Трудничкото стомаче на Мила Кунис расте. Холивудската ѕвезда, која е бремена со второто дете, деновиве беше фотографирана со саканиот Ештон Кучер и малечката ќерка на прошетки во Беверли Хилс.
32-годишната актерка го сокри стомачето во лежерни комбинации додека уживаше во друштвото на 38-годишниот актер и слатката Вајат Изабел.












Мила и Ештон се познаваат долги години, а заедно снимија и осум сезони од хит серијата „That '70s Show“. Нивната врска беше потврдена во 2012 година, а Вајат Изабел се роди во октомври 2014 година.






