Мила Кунис и Ештон Кучер присуствувaa на бејзбол натпревар за да го бодрат својот омилен тим Dodgers, кој на теренот си ги одмеруваше силите со Chicago Cubs.
33-годишната актерка и 38-годишниот актер изгледаа многу заљубени и среќни додека облечени во исти дресови внимателно го следеа натпреварот.
















Холивудските ѕвезди се запознаа на снимањето на серијата „That '70s Show“. По долгогодишно пријателство, тие започнаа да се состануваат во 2012 година, а стапија во брак три години подоцна.
Мила и Ештон заедно имаат една ќеркичка, а за кратко време ќе им се роди и синче.
Популарниот пар деновиве повеќепати беше фотографиран на прошетки со малата Вајат Изабел.




