Мила Кунис го промовираше својот најнов филм „Bad Moms“ во Лос Анџелес. 32-годишната актерка го сокри трудничкото стомаче под краток фустан од Версаче за премиерата која се одржа во „Mann Village Theatre“.
Црната креација од италијанската модна куќа, холивудската ѕвезда ја искомбинира со розови обувки со црвени детали.













На розовиот тепих, Кунис позираше и со своите колешки од новиот филмски проект.






Кунис го очекува второто дете со Ештон Кучер. Нивната ќеркичка Вајат Изабел се роди на 1 октомври 2014 година.