Меган Фокс изгледа атрактивно и во напредна бременост. 30-годишната актерка шармираше додека се упатуваше кон студиото на Џими Кимел во Холивуд.
Елегантната трудница, која е бремена со своето трето дете, привлекуваше погледи кон себе облечена во едноставен црн фустан до колена и впечатлив црвен кармин на усните.















Во шоуто на Кимел, Фокс го промовираше својот најнов филм „Teenage Mutant Ninja Turtle: Out Of The Shadows“ и раскажа дека нејзиното неродено дете ѝ испраќа пораки. „Не слушам глас како звук, но чувствувам дека добивам пораки од детето. На пример тоа дека моето бебе сака да живеам на некое друго место, па сега се преселуваме на различна локација во Лос Анџелес, бидејќи чувствувам дека детето сака да расте таму“ – изјави Фокс и дополни дека претчувствува дека нејзиното дете ќе биде гениј.
Меган беше во брак со Брајан Остин Грин пет години пред да поднесе документи за развод во август минатата година. Сепак, по веста за третата бременост, познатите актери го одложија разводот и сè уште живеат заедно.