Ким Кардашијан го покажа трудничкото стомаче на плажа. 34-годишната ѕвезда од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ беше фотографирана во бронзени бикини на островот Свети Вартоломеј.


На една од фотографиите кои ги објави списанието „Us Weekly“, популарната реалити ѕвезда си прави селфи со кристално чистите води во позадина.


Ким и сопругот Кание Вест го очекуваат своето второ дете. Славниот пар има една ќерка, двегодишната Норт.
Пред два дена Ким беше фотографирана од папараците кога заминуваше од италијански ресторан во Беверли Хилс.





