Ким Кардашијан ги покажа своите труднички облини за списанието Us Weekly. 32-годишната телевизиска ѕвезда била фотографирана по бикини за време на минатонеделниот одмор на Миконос, Грција.
„Таа го обожава седмиот месец од бременоста. И смета дека бременоста е многу слатка“ – изјавил близок на Ким за списанието.
Во изминативе неколку месеци Ким редовно беше критикувана за својот изглед и стилот на облекување. Иако многу славни лица застанаа зад бремената Ким и порачуваа дека никогаш не треба трудна жена да се нарекува дебела, тоа не ги стивна критиките упатени кон неа.
Ким престојуваше на Миконос заедно со своето славно семејство.
Пред неколку дена Ким се појави за првпат на балот МЕТ, во придружба на Кание Вест. За свечената прилика таа имаше избрано цветен фустан на Живанши со ракавици. Нејзиниот моден избор повторно наиде на мешани реакции. Додека некои се расфрлаа со комплименти, не беа малобројни критичарите кои се убедени дека направила голема грешка.
По балот МЕТ, на социјалните мрежи со свој коментар се огласи и Робин Вилијамс, кој се пошегува и се пофали дека изгледал подобро од неа во цветна креација кога ја глумел г-ѓа Даутфаер. „Мислам дека подобро изгледав“ – напиша познатиот актер на Twitter и објави фотографија за споредба.