Џесика Алба и Гвен Стефани беа меѓу главните гостинки на празничната забава на „Baby2Baby“, организација чија цел е да им обезбеди на сиромашните семејства основни нешта како производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.
44-годишната пејачка, која го очекува своето трето дете, беше во придружба на своите два сина, Кингстон и Зума.
Алба, која преку својата компанија „Honest Company“ редовно соработува со „Baby2Baby“, се појави на настанот заедно со сопругот Кеш Ворен и двете ќеркички – Хонор и Хевен.