Гвен Стефани изгледаше како модерна самовила во шарен макси фустан во Лос Анџелес. 44-годишната пејачка сè уште нема официјално потврдено дека е бремена, но нејзиното стомаче гласно говори дека таа го очекува своето трето дете.
Стефани беше фотографирана со цветен венец на главата додека се упатуваше на бебешка забава кај свои пријатели.
Заедно со неа беше и нејзиниот сопруг, Гевин Росдејл.
Гвен и Гевин имаат два сина, 7-годишниот Кингстон и 5-годишниот Зума.