Бијонсе беше една од славните гости кои присуствуваа на галата „Wearable Art“, која се одржа во Лос Анџелес. 35-годишната ѕвезда уште еднаш покажа дека го поседува оној труднички сјај, појавувајќи се на настанот во припиен фустан кој одлично ѝ го истакнуваше стомачето.
Црвениот фустан е дело на брендот Stello, а го носи името „Aurora“. Својот стилски избор, таа го надополни со впечатлив моден додаток на главата.



Свечениот настан беше организиран од мајката на Бијонсе, Тина Ноулс. На галата биле собрани речиси еден милион долари кои ќе бидат донирани за театарскиот центар WACO.
„Супер горда сум на мојата убава мајка што го создаде овој прекрасен настан. Речиси 1 милион долари беа собрани за театарскиот центар „WACO“, за да им се помогне на млади луѓе за време на нивните менторски програми и во уметноста. Мамо, ти нѐ инспирираш да бидеме дарежливи, несебични, позитивни, емпатични, да сакаме и да ја развиваме креативноста во светот. Ми ги насолзува очите што сум сведок на тоа што ти и Ричард го создадовте заедно“ – напиша Бијонсе на Instagram.



На настанот присуствуваа и Кели Роланд и Мишел Вилијамс, кои заедно со Бијонсе беа членки на групата Destiny's Child.


