Бред Пит и Инес де Рамон присуствуваа на трката за Големата награда на Велика Британија. Ова е првпат тие да се појават како пар на официјален јавен настан.
На патеката Силверстоун, 60-годишниот актер ја држеше за рака својата 31-годишна девојка додека минуваа покрај фоторепортерите и се упатуваа кон своите места.
Холивудскиот шармер носеше светла модна комбинација со шапка на главата, додека Инес избра фустан во пастелно-сина нијанса.
Бред ја има главната улога во филмот „F1“, во кој глуми поранешен возач на Формула 1, кој доживува голем камбек. Премиерата на филмот е закажана за јуни 2025 година, а првиот трејлер се прикажуваше токму на британскиот Гран-при.
Пит се разведе од Анџелина Џоли пред осум години. Тие заедно имаа три биолошки и три посвоени деца.
Ова е негова прва подолга врска по разводот.