Славни лица од целиот свет деновиве блескаа на Канскиот филмски фестивал, а меѓу нив беше и Кристина Базан. Убавата блогерка шармираше на премиерата на „Money Monster“ во елегантна црна креација од Ели Сааб.
Црниот фустан со длабоко деколте 22-годишната вљубеничка во модата го надополни со накит од Шопард.
Базан присуствуваше на свеченоста како претставник на козметичкиот гигант L'Oréal.