Кристина Базан е редовна гостинка на модните недели кои се одржуваат во разни градови низ светот.
За време на Париската недела на високата мода, убавата блогерка си зазеде место во првите редови на ревиите на врвни модни куќи и дизајнери како Elie Saab, Viktor & Rolf, Giambattista Valli и Versace, а за секое шоу се потруди да изгледа впечатливо.
Прошетајте со поглед низ нејзините стилски комбинации и уште еднаш уверете се зошто Базан е една од најпознатите модни блогерки.