Блејк Лајвли деновиве го снима својот најнов филм „The Shallows“, а нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и малата ќеркичка отпатуваа во Австралија за да ја поддржат за време на реализирањето на филмскиот проект.
Холивудските ѕвезди беа фотографирани додека се забавуваа со 10-месечната ќерка Џејмс на плажа на островот Лорд Хау. Ова е првпат славните актери да бидат фотографирани со малата Џејмс, бидејќи се обидуваат да го сочуваат својот приватен живот подалеку од будното око на медиумите.
























Лајвли и Рејнолдс ја започнаа својата врска во октомври 2011 година, а го изговорија судбоносното „Да“ на 9 септември 2012 година.