Блејк Лајвли се врати на филмската сцена краток период по раѓањето на својата ќеркичка. Популарната актерка беше фотографирана по бикини за првпат по породувањето. Фотографиите се направени на плажа во Австралија, за време на снимањето на нејзиниот најнов филм „The Shallows“.
Од фотографиите кои ги објави „E! Online“, се гледа дека 28-годишната холивудска ѕвезда е во одлична форма десет месеци по породувањето. Џејмс е првото дете на Лајвли со Рајан Рејнолдс.


Лајвли неодамна изјави дека воопшто не се преокупирала со брзо слабеење по породувањето. „Постои притисок за слабеењето и за тоа дека жените треба да изгледаат исто како што изгледале на 19-годишна возраст, веднаш по раѓањето на детето. Сметам дека тоа е смешно“ – рекла таа.





„Со мало бебе, важно е само да се хранам добро за неа, бидејќи сè што јадам јас, оди директно во нејзиниот организам“ – изјавила Блејк.


