Синоќа се одржа доделувањето на People’s Choice Awards каде Блејк Лајвли беше прогласена за Најдобра актерка во драма за својата улога во филмот „The Shallows“. 29-годишната холивудска ѕвезда зачекори на црвениот тепих во краток блескав фустан од Ели Сааб.
Својот стилски избор, славната сопруга на Рајан Рејнолдс го надополни со обувки од Кристијан Лобутин и впечатлив накит од Лорејн Шварц.





Блејк ја доби поддршката од својата сестра Робин Лајвли, која за свеченоста избра елегантен зелен фустан.














