Блејк Лајвли блеска од среќа, а тоа може да се забележи и на фотографиите од новата фотосесија за „Allure“, направена пред нејзината тајна свадба со Рајан Рејнолдс.
25-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ во интервјуто за списанието признала дека е срамежлива, дека сака големо семејство и дека не ја привлекуваат ноќните клубови.
На прашањето колку деца би сакала да има, Лајвли одговорила: „Ох, би сакала 30 ако можам“.
На првата фотографија Блејк позира во бела креација на Маркеза, брендот одговорен за нејзиниот невестински фустан, кој досега не е објавен.
Спротивно на нејзиниот лик во „Gossip Girl“, Блејк е повлечена личност која го избегнува ноќниот живот. „Не пијам. Никогаш не сум пробала дрога. Музиката во ноќните клубови е прегласна, не можеш да разговараш со кого било. Ако бев одлична танчарка, да, ќе одев, но дефинитивно не сум“ – рекла таа.
Децата на фотографиите се всушност внукот и внуката на Блејк.
Кога ќе ја погледнете на фотографиите, не може да не запрашате која е тајната на нејзината фигура. Но, Блејк вели дека нема тајна и дека има убаво тело само благодарение на брзиот метаболизам.
„Би сакала да можам да речам дека правам нешто, но... Очигледно имам многу несовршености по телото, но претпочитам да имам малку целулит и да одам на патување низ југот и да го пробам секој сладолед којшто се продава“ – изјавила таа.
На крајот, не ја сокрила својата среќа. „Сега сум толку спокојна. Никогаш не сум била посреќна во животот“ – дополнила Лајвли.