Бијонсе ги сподели своите први фотографии на социјалната мрежа Instagram. 31-годишната пејачка ја покажа новата фризура со бујни шишки, додека му изразуваше поддршка на претседателот на САД, Барак Обама.
Со хипстерски очила и обетки со името Обама, Бијонсе ги поздрави своите фанови, а нешто подоцна вечерта беа објавени резултатите од претседателските избори и стана јасно дека Барак Обама доби втор мандат.
Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј-Зи активно учествуваа во политичката кампања на Обама. Само еден ден претходно таа напиша отворено писмо до Барак во кое се вели: „Секој ден го гледаме твоето срце и твојот карактер, кои нè инспирираат сите нас да даваме повеќе од себе. Ти си причината што мојата ќерка и мојот внук ќе растат знаејќи дека можат да бидат сè што ќе посакаат.“
Музичката ѕвезда објави и фотографија на која се гледа гласачкото ливче.
Во септември Бијонсе и Џеј-Зи за една вечер собраа 4 милиони долари кои ги донираа за кампањата на Обама.