Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе со моќна фотосесија за Vogue

ФОТО: Бијонсе со моќна фотосесија за Vogue

Бијонсе ја започна годината силно и е буквално насекаде. 31-годишната ѕвезда изгледа зашеметувачки убаво на фотографиите за мартовското издание на Vogue.

Бијонсе Бијонсе

За фотосесијата направена од славниот Партик Демаршелие, Бијонсе позира во раскошни креации од Оскар де ла Рента, Александар МекКвин, Марни и Живанши.

Бијонсе

Во интервју за списанието, енергичната пејачка споделила дека почувствувала силна врска со ќерка си Блу Ајви уште од самото породување. „Се чувствував многу мајчински околу осмиот месец и си помислив дека не може да се засили тоа чувство, сè додека не го видов бебето... Тоа се случи за време на породувањето, затоа што имав многу силна поврзаност со моето дете. Кога имав контракции, си замислував како моето дете турка многу тешка врата. Си замислував како мало новороденче може да прави толку тешка работа и не мислев на мојата болка... Ние си зборувавме. Знам дека звучи лудо, но почувствував поврзаност“ – изјавила таа.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Коментирајќи го документарниот филм „Life Is But a Dream“, кој наскоро ќе открие дел од нејзиниот приватен живот, Бијонсе рекла: „Мојата приказна никогаш досега не била раскажана.“

Бијонсе Бијонсе

Погледнете и видео од снимањето на фотосесијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.