Бијонсе мамеше погледи на хуманитарен концерт на Tidal X. На музичкиот настан во Њујорк, 34-годишната пејачка се појави во секси фустан со длабоко деколте и висок шлиц.
Впечатливиот фустан кој Бијонсе го избра за настанот е креација на германскиот дизајнер Филип Плејн од неговата колекција pre-fall 2015. Музичката ѕвезда својот стајлинг го надополни со обувки од Кристијан Лобутин и накит од Лорејн Шварц.
Бијонсе на својот сајт сподели фотографии од големиот настан.