Бијонсе беше една од многуте ѕвезди кои беа дел од прославата по повод 50. роденден на првата дама на САД. 32-годишната дива настапила пред околу 500 гости кои прославуваа заедно со семејството Обама.
За настапот, Бијонсе избра мини фустан од американската дизајнерка Ренди Рам. Блескавата креација која максимално ги разголи нозете на познатата пејачка беше надополнета со накит од Лорејн Шварц.
На една од фотографиите кои беа објавени од самата Бијонсе, таа позира заедно со Бо, кучето на семејството Обама.
На забавата во Белата куќа присуствувале и Џеј Зи и малата Блу Ајви.
Освен Бијонсе, на роденденската свеченост настапил и Џон Леџенд со две различни верзии на „Happy Birthday“.
Меѓу присутните биле и Хилари и Бил Клинтон, Стиви Вондер, Пол Мекартни, Џенифер Хадсон и Мајкл Џордан.