Бијонсе станува сè поактивна на социјалните мрежи, каде што на своите фанови им открива детали од личниот живот.
Најновите фотографии од музичката ѕвезда се од нејзиниот 31. роденден. За специјалниот ден кој беше на 4 септември, Бијонсе и Џеј-Зи уживаа на јахта во Јужна Франција.
На една од фотографиите Бијонсе без шминка позира во бикини, додека на друга ја сече роденденската торта на која се потпишани Џеј-Зи и Блу Ајви.
Пред неколку дена Бијонсе објави и фотографија од музичко студио, уверувајќи ги обожавателите дека работи на нова музика.