Денес започна Канскиот филмски фестивал. Бројни ѕвезди одлетаа на француската ривиера за да присуствуваат на 70. издание на фестивалот.
Бела Хадид беше една од гостинките која привлече големо внимание со својот изглед. 20-годишниот модел зачекори на црвениот тепих во фустан со екстра висок шлиц кој откри повеќе отколку што требаше.
Сатенската креација доаѓа од високата мода на Александар Воте.




На свеченоста, Бела беше придружувана од својот татко.










Незгодата со превисокиот шлиц на фустанот на Бела, потсетува на нејзиното појавување на фестивалот во Кан минатата година.




