Надополнето:
Менаџерката на Бред Пит ја потврди веста. „Да, потврдено е. Тоа е ветување за иднината и нивните деца се многу среќни. Засега нема одреден датум за свадбата“ – изјавила таа за People.
Дали Бред Пит конечно ѝ го постави големото прашање на Анџелина Џоли? Роберт Прокоп, кој соработуваше со Џоли за нејзината колекција накит „The Style of Jolie“, вели дека одговорот е ДА.
„Можам да потврдам, да, Роберт Прокоп навистина дизајнираше свршенички прстен за Анџелина Џоли, дизајниран во соработка со Бред Пит“ – изјавил претставник на Роберт.
„Бред имаше специфична визија за овој прстен, којашто ја реализира во текот на едногодишна соработка со Роберт. Тој сакаше прстенот да биде совршен од секој аспект“ – се вели во изјавата на познатиот дизајнер на накит.
Роберт успеал да пронајде дијамант со најфин квалитет и да го исече во големина која одговара на раката на Џоли.
Прстенот беше фотографиран на раката на Анџелина додека таа со Бред и нивниот син Пакс посетувале музеј во Лос Анџелес на 11 април.