Откако го освоија Кан, Анџелина и Бред Пит се вратија во Лос Анџелес за премиерата на анимираниот филм „Kung Fu Panda 2“.
35-годишната убавица ги покажа долгите слаби нозе во црна креација на Michael Kors со висок шлиц. Грациозната актерка за нејзината појава на црвениот тепих повторно избра чевли на Salvatore Ferragamo.
Нејзиниот долгогодишен партнер, Бред Пит, ја придружуваше облечен во еднобојни поло блуза, панталони и чевли во карамела боја.
На премиерата Енџи и Бред ги однесоа и Захара, Медокс, Пакс и Шило.
Бред и Анџелина неодамна го завршија својот престој на Канскиот филмски фестивал, каде филмот на Бред Пит ја освои главната награда.