Амал Клуни не се плаши да експериментира со стилот. Славната адвокатка, која неретко носи ексцентрични модни додатоци и внесува колорит во своите стајлинзи, се појави во хипи издание на локацијата на којашто Џорџ Клуни го снима неговиот нов филм.

Облечена во фармерки со апликации од Alice + Olivia и жолта блуза, Амал успешно го долови стилот од 70-тите, кој е особено популарен неколку сезони наназад. Таа се погрижи и деталите (очила за сонце од Jimmy Choo и чанта со реси) да се максимално соодветни за посакуваниот изглед.











Амал и Џорџ си разменија и по некој бакнеж за време на паузата од снимањето во Лос Анџелес.





Џорџ го режира филмот „Suburbicon“, чија премиера е закажана за следната година.