Мало црно фустанче за секоја пригода. Амал Клуни создава модерни комбинации, базирани на парчето облека кое никогаш не излегува од мода.
Успешната адвокатка и Џорџ Клуни беа фотографирани додека излегуваа од ресторанот „Dal Bolognese“ во Рим. 38-годишната правничка и активистка носеше црно фустанче со плисирана наметка и обувки од Џамбатиста Вали.





Еден ден подоцна, парот присуствуваше на настан посветен на работата на „Scholas Occurrentes“, фондација инспирирана од папата.
Папата Францис им додели медали на Џорџ Клуни, Селма Хајек и Ричард Гир за нивниот придонес кон работата на „Scholas Occurrentes“. За средбата со папата, Амал избра црн фустан од високата мода на Версаче.













