Алесандра Амбросио сними едиторијал за „Glamour“ со своите две мали деца. 33-годишната Бразилка позираше во летна облека со 6-годишната ќерка Ања и 2-годишниот син Ноа.
Веселото трио се забавуваше на тропска плажа пред објективот на врвниот фотограф Патрик Демаршелие.
Популарниот ангел на Victoria’s Secret се вери со бизнисменот Џејми Мазур во 2008 година, но сè уште ја немаат крунисано нивната врска со брак.