Алесандра Амбросио беше една од славните гостинки на презентација на Кристијан Лобутин, одржана во „Chateau Marmont“ во Лос Анџелес.
Привлечната Бразилка носеше бела летна креација од Sally LaPointe во цветната градина каде беше изложена колекцијата чанти „Passage“.
Самиот дизајнер не присуствуваше на презентацијата, но затоа беа поканети повеќе негови славни обожавателки како Дита Вон Тис, Еми Росум и Камила Бел, кои носеа цветни венци и се забавуваа пиејќи розов шампањ.
Новата колекција чанти на популарниот француски дизајнер ќе биде пуштена во продажба во јуни годинава.