Времето лета. Поминаа 30 години откако светот за првпат се забавуваше со филмскиот хит „Враќање во иднината“. Екипата од популарниот филм се обедини повторно за специјално прикажување на филмот.
Поводот за нивното здружување беше датумот 21 октомври 2015. Тоа е денот кога Марти МекФлај (Мајкл Џ. Фокс) пристигна во иднината со помош на временската машина.
На филмскиот настан во Њујорк присуствуваа актерите Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Леа Томпсон, Хју Луис и писателот на сценариото Боб Гејл.







Фокс ја доби поддршката од својата сопруга Трејси Полан, а Томпсон беше придружувана од својата ќерка Зои.





Холивудските актери гостуваа и на шоуто „Today“ на NBC и зборуваа за напредната технологија која беше предвидена во филмот за оваа година и дали всушност таа постои денес.