Фановите на хитот „Back to the Future“ (Враќање во иднината) беа пријатно изненадени на настанот „Fan Expo Boston“. Актерите од популарните филмови се појавија заедно, делеа автограми и учествуваа во панел дискусија.
Мајкл Џеј Фокс, Томас Вилсон, Кристофер Лојд и Леа Томпсон позираа насмеани и разбудија носталгија кај обожавателите на нивните авантури во трилогијата.
