Адријана Лима деновиве шармира во Женева како почесна гостинка на IWC, швајцарска компанија за луксузни часовници.
32-годишната манекенка зачекори на црвениот тепих на галата на која беше лансирана новата колекција часовници на престижниот бренд во црн долг фустан со висок шлиц и длабоко деколте. Лима изгледот го комплетираше со дијамантски накит и сини Мери Џејн обувки.
На забавата организирана од компанијата, Лима покажала и дека во нејзините вени тече бразилска крв и енергично танцувала.
Претходно привлечниот ангел на Victoria’s Secret го посети штандот на IWC во рамките на меѓународниот саем во Женева, на кој се презентираат најновите часовници на внимателно селектирани компании. За таа прилика, Лима избра динамична креација на Бибу Мохапатра.