Адријана Лима не е срамежлив ангел. 32-годишната манекенка позираше провокативно во влажна и проѕирна маичка на плажа во Канкун, Мексико.
Атрактивната бринета ја прокажа својата привлечна фигура во црни гаќички. Фотосесијата е за шпанското издание на „Вог“.
Славната Бразилка во меѓувреме активно се залага за собирање на што повеќе парични средства за Фондацијата „St. Luke“, која се фокусира на подобрување на здравјето и образованието на жителите и особено на децата на Хаити.