Адријана Лима изгледа прекрасно, дури и кога е испотена, облечена во облека за вежбање и без ниту грам шминка на своето лице, и тоа само еден месец по породувањето.
Убавата мајка на две ќеркички ја објави на Twitter првата фотографија по породувањето и од неа може да се види колку напорно Адријана работи за да го врати своето тело во топ форма. „Само што завршив со вежбањето ;)“ – напиша таа под фотографијата.
Адријана ја роди втората ќерка Сиена на 12 септември, а веќе следниот месец ќе ја видиме на модната писта на шоуто на „Victoria’s Secret“.
Ревијата оваа година ќе се одржи на 7 ноември, но ќе биде прикажана на телевизија дури на 4 декември. На шоуто ќе настапат Ријана, Џастин Бибер и Бруно Марс.