Адријана Лима и Изабели Фонтана отпатуваа во Дубаи за да бидат дел промотивен настан по повод лансирањето на новиот парфем на „Raw Spirit“.
Популарните модели мамеа погледи во атрактивни креации и позираа заедно со Расел Џејмс, кој го создаде новиот парфем.
Адријана Лима беше гостинка и на хуманитарна гала во Мајами. Атрактивната Бразилка зачекори на црвениот тепих во бела креација со длабоко деколте.
Светлиот фустан, 34-годишната манекенка го искомбинира со црвена чантичка и прекрасни црвени обувки од талентираниот Кристијан Лобутин.
Лима одржа и говор на хуманитарниот настан на „BrazilFoundation“, организација која собира средства за реализирање на идеите и акциите кои го трансформираат Бразил и да промовира еднаквост, социјална правда и економски можности за сите Бразилци.