Адријана Лима ја освојува Турција. На огромна радост на многу нејзини обожаватели, убавата манекенка дефилираше на модното шоу „Dosso Dossi“ кое се одржа во Анталија, Турција.
31-годишната Бразилка презентираше 4 различни аутфити.
Додека Лима дефилираше во портокалово-бежова креација, зад неа настапуваше танчарската група Kazaky, составена само од мажи кои ги покажуваат своите способности за танцување на високи потпетици.
Една од креациите беше краток црн фустан, кој малку ѝ создаваше проблеми на Адријана при движењето на пистата затоа што се креваше нагоре, но таа елегантно го задржуваше со раката.
За финалето Лима носеше долг фустан со чипка и животински принт.
Музичка гостинка на ревијата беше познатата пејачка Емина Јаховиќ Сандал, којашто успешно се пробива на турската музичка сцена.
Веднаш по ревијата Емина сподели со своите фанови на Twitter фотографија на која позира до Лима.
Погледнете видео од Адријана и Емина: