Адријана Лима заведуваше во долг розов фустан на хуманитарната гала на непрофитната организација „Brazil Foundation“ одржана во Мајами, Флорида.
Тесната креација на дизајнерката Габриела Кадена ја истакна привлечната фигура на славната манекенка. Нежната шминка и едноставната фризура беа совршено надополнување на нејзиниот елегантен стајлинг.
„Brazil Foundation“ е организација која собира средства наменети за финансирање на социјални проекти во Бразил. За 13 години, собрани се над 25 милиони долари кои поддржуваат над 350 проекти во сферата на образованието, здравството, културата и човековите права.