Адријана Лима е на промотивна турнеја во Дубаи. Убавиот ангел го претстави градникот од 10 милиони долари во трговски центар во егзотичниот град.
32-годишната манекенка позираше самоуверено пред новинарите во светол фустан со животински принт од брендот Alexis.
Лима откри и дека имала огромна желба токму таа да го претставува познатиот бренд во Дубаи. „Тука е многу поразлично од каде било во светот, потполно е егзотично. Јас сум авантуристичка личност и обожавам да патувам и да запознавам нови култури“ – изјавила таа за Gulf News.
За време на изминатиов викенд Лима не пропушти и да ја посети пустината и да го овековечи тоа со фотографии за социјалните мрежи.