Адријана Лима напомнува дека се наближува Св. Валентин. Привлечната Бразилка ја загреа атмосферата во хотелот Caesars Palace во Лас Вегас, каде ги покажа своите фаворити од новата колекција долна облека на Victoria’s Secret.
На промотивниот настан, 33-годишниот ангел го истакна својот сексапил во црвена креација од Дона Каран и блескави колоритни обувки од Кристијан Лобутин.
Пред неколку дена Лима беше специјална гостинка на забава по повод Super Bowl во Феникс, Аризона.