Адријана Лима беше почесна гостинка на гала вечер на IWC, швајцарска компанија за луксузни часовници.
На свеченоста „Journey To The Stars“ 33-годишната убавица изгледаше како модна рок дива во секси црн фустан од Зухаир Мурад. Силната шминка ги истакна незаборавните очи на привлечната Бразилка.
На настанот во Женева, Лима присуствуваше заедно со Каролина Куркова. Двете манекенки беа дел од најновата кампања на престижниот бренд.
Претходно атрактивниот ангел на Victoria’s Secret го посети штандот на IWC во рамките на меѓународниот саем во Женева, на кој се презентираат најновите часовници на внимателно селектирани компании. За таа прилика, Лима избра црн краток фустан од Давид Кома и обувки од Кристијан Лобутин.