Адријана Лима не се плаши да го покаже своето лице без шминка и е една од славните личности кои често споделуваат на социјалните мрежи „природни“ и нефотошопирани фотографии.
35-годишната манекенка беше фотографирана во спортско издание и без шминка на шопинг во Мајами со двете ќеркички – 4-годишната Сиена и 7-годишната Валентина. На една од фотографиите, Лима ја носи в раце помалата ќерка, додека другата ќерка чекори покрај нив.



Девојчињата се ќерки на Адријана од нејзиниот брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Парот беше заедно пет години, но се раздели во 2014 година.

