Адел не можеше да ја сокрие среќата додека примаше кралски орден, станувајќи Член на Редот на Британската Империја (MBE), благодарение на нејзиниот исклучителен придонес во музиката.
25-годишната пејачка изгледаше отмено во сино-зелен фустан од Стела Мекартни и моден додаток за коса од Филип Трејси.
Славната пејачка го прими орденот од принцот Чарлс на церемонија во Бакингемската палата.
Адел за кратко време стана музичка ѕвезда која може да се пофали со неколку Греми статуетки и Оскар.