Мајката на Силвестер Сталоне застана во центарот на вниманието на премиерата на „The Expendables 2“, зашто таа не е ни приближно обична баба.
90-годишната Џеки Сталоне се појави облечена во кратко здолниште, но тоа не беше „магнетот“ за љубопитните погледи. Сите ги имаа вперено очите во гордата Џеки затоа што нејзините усни изгледаа особено големи и впечатливи, што само уште еднаш ја потврди нејзината љубов кон пластичната хирургија.
На премиерата во Лос Анџелес, 66-годишниот Сталоне го поддржаа и неговата сопруга и трите нивни ќерки, Скарлет, Софија и Систин.