Џоан Колинс и во деветтата деценија од животот изгледа гламурозно и моќно како во серијата „Династија“.
81-годишната актерка гордо позираше на црвениот тепих на SAG Awards во блескав црн фустан со висок шлиц. Како вистинска отмена дама, Колинс носеше долги ракавици.
Славната актерка присуствуваше на свеченоста со 49-годишниот сопруг Перси Гибсон. „Ова е мојот петти брак и конечно мојот најсреќен брак. Перси е прекрасен, тој е мојата сродна душа. Тоа не значи дека не се караме, но многу добро се разбираме“ – изјави неодамна Џоан.
Иако гласините дека Колинс има легнато под нож не стивнуваат, холивудската ѕвезда, која ќе остане запаметена по улогата на Алексис Карингтон, тврди дека се плаши од пластичната хирургија. „Имам размислувано за тоа. Си ја затегнувам кожата на лицето и си велам: Нели би изгледала подобро вака? Но, премногу се плашам... Не сакам да изгледам како пластична Барби кукла“ – признала таа.